Macedonian - Затворски пријатели | Write a Prisoner

MUST BE 18 OR OLDER - MUST READ TERMS OF SERVICE

Macedonian - Затворски пријатели

WriteAPrisoner.com - страница што им помага на вистинските затвореници да најдат вистински пријатели. Осамените мажи и жени се свртуваат кон нас во рекордни броеви за да најдат пријателство надвор од затворските ѕидови. Луѓето кои ќе ги сретнете на оваа страница варираат широко - по возраст, каде “живеат“, и поважно, зошто се во затвор. Една работа што им е заедничка на сите е неподносливата осаменост и копнежот за пријателство.

Илјадници заборавени мажи и жени затворски пријатели во федералните/државните затвори, обласните затвори, поправните установи, и странските и прекуморските затвори очајнички се надеваат на допишување што може да доведе до пријателство, љубов, или правна помош. Огласите на затворениците се лични огласи кои вклучуваат фотографии. Запомнете, во овој виртуелен свет, online муабетите и е-поштата не се на располагање на затворениците бидејќи тие немаат пристап до компјутери. Вашите писма стануваат најдраги спомени кои промовираат човекови права и рехабилитација кога пишувате на затворски пријатели. Исто така, оваа страница ќе ви овозможи да ја пратите преку е-пошта вашата прва порака заедно со повратна адреса. Ние ќе ги испечатиме и испратиме директно до затворениците, заштедувајќи ви го трошокот за поштарина.

Мажите и жените затвореници зад решетки ретко добиваат писма и поминуваат 23 часа на ден во нивната ќелија. Некои чекаат да бидат погубени. Други страдаат во самица. Исто така ќе најдете политички затвореници и воени заробеници на оваа страница. Пријателот може да биде единствената врска што ја имаат. Другарувањето за затворените луѓе е скоро невозможно, посебно за затворениците кои чекаат погубување кои се дури изолирани од другите затвореници. Пружањето рака на затворските пријатели може да биде најнесебичното дело кое ќе го направите во вашиот живот. Ве молиме пружете рака и пишете му на затвореник денес?

Влезете во WriteAPrisoner.com​